„Требаше да добијам десет жолти картони, но делегатот и судиите „замижаа“ на реакциите“

Репрезентацијата на Швајцарија за време на ЕХФ неделата одигра пријателски меч со светскиот првак Данска.

Според очекувањата, избраниците на Николај Јакобсен беа подобри и триумфира со пет гола разлика, 30:25.

Легендарниот Енди Шмид токму против скандинавската земја го имаше деби настапот како селектор.

,,Бев многу опуштен пред пријателскиот меч со Данска. Сакав да помогнам однадвор, но во одредени ситуации си немоќен, сепак, треба да се навикнам. Направив две грешки, потоа неколку пати бурно реагирав и веројатно требаше да добијам 10 жолти картони, но делегатот и судиите замижаа на сето тоа. Генерално, јас сум задоволен од одиграното”, изјави Шмид.

Швајцарија за пласман на Светското првенство 2025 ќе се бори против Словенија. Избраниците на Шмид првиот натпревар ќе го одиграат на 8/9 мај, додека реваншот на 11/12 мај.