„Витамините“ од Автокоманда прославија победа на гостувањето кај Партизан Гевгелија со 52-36.
Во рамките на натпреварот од 23 коло во прволигашката конкуренција беа постигнати дури 88 голови во салата „26 април“ во Гевгелија.
Одлични настапи имаа репрезентативците Јулијан Матески со 12, Јован Петрески со 11 и Немања Џигероски со десет погодоци во домашната мрежа.
Во домашниот тим, по шест пати погодуваа Илија Пејковски и Димитар Атанасов.
„Витамините“ од Автокоманда сега имаат 40 бодови, еден повеќе од Младост Богданци кој е на второто место со 39 бода.

























