Словенечкиот шампион Целје ги задржа десниот бек Жига Млакар и левото крило Тадеј Мазеј. Искусниот Млакар го продолжи договорот до 2026 година, додека Мазеј потпиша договор на една сезона.
Бундеслигашот Гепинген ќе се засили со шведскиот лев бек Оскар Сунефелт, кој доаѓа од Лајпциг, каде што настапуваше три сезони. Претходно Сунефлет одигра една сезона и за Кил.
Кубанскиот голман Алехандро Ромеро, кој една полусезона мина во македонскиот вицепрвак во Автокоманда, а вториот дел од сезоната го игра во Сесон Рен, од лето ќе ги брани боите на Данкерк, со кој потпиша договор на две сезони.
Искусниот шпански репрезентативец Гедеон Гвардиола си замина од бундеслигашот Ерланген и се врати во Шпанија. Гвардиола ќе ја продолжи кариерата во дресот на Нава, каде што игра и неговиот брат Исаија.
Левиот бек на турската репрезентација Дорук Пеливан, кој настапува на позајмица од Келце во германскиот тим Елбфлоренц Дрезден, ја продолжи соработката со овој тим и за наредните две сезони.