ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Тофт Хансен верен на Силкеборг, Мацкевич се врати во Брест, Партизан го донесе Шапоњиќ

  • Белорускиот репрезентативец Иван Мацкевич во полусезоната го смени клубот. Доскорешниот голман на АЕК Атина се врати во татковината и одново ќе го брани голот на Мешков Брест.
  • Левото крило Елма Халичевиќ го продолжи договорот со данскиот Оденсе до 2027 година. Данската репрезентативка дојде во Оденсе во летото 2023 од составот на Никобинг.
  • Данскиот тим Бјерингбро Силкеборг ја продолжи соработката со кружниот напаѓач Рене Тофт Хансен. Тој ќе остане во Силкеборг до 2025 година, а тоа ќе му биде петта сезона во овој тим по враќањето од Бенфика.
  • Кружниот напаѓач Стефан Шапоњиќ е ново засилување за тимот на Партизан за продолжението од сезоната. Шапоњиќ е искусен пивот, кој има забележано настапи за Динамо Панчево, Црвена Ѕвезда, Обилиќ, Нови Пазар и Уб.
  • Бундеслигашот Гепинген на лето ќе ги промени двата пикери, Крешимир Козина и Вид Потеко. На нивот место доаѓаат Данецот Виктор Клове и Швеѓанецот Лудвиг Остјом, а двајцата заедно во моментов играат за шведскиот Кристијанштад.