ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Шуњиќ има нов клуб во Франција, Планета си оди од Дебрецен, Иванишевиќ потпиша за Гепинген

  • Повремениот репрезентативен голман на Хрватска, Мате Шуњиќ, ќе остане во Франција, но ќе ја промени клупската средина. 37-годишниот голман на лето од Иври ќе се пресели во Сесон. Новиот клуб на Шуњиќ за оваа сезона имаше буџет од околу четири милиони евра. Искусниот голман и раководството на Сесон се договорија на двегодишна соработка.
  • Некогашната голема надеж на Унгарија, Симонета Планета, во следната сезона ќе има нов предизвик. Унгарската репрезентативка, која во последните три сезони го носи дресот на Дебрецен, беше претставена како големо засилување во Љубин од Полска. Планета во својата кариера настапуваше и за екипите на Ѓер, Шамбери, Турингер, Веспрем…
  • Српскиот голман Тибор Иванишевиќ по завршувањето на тековната сезона ќе го напушти Гумерзбах. Иванишевиќ потиша за Гепинген, каде што ќе биде замена за повредениот репрезентативец на Холандија, Барт Равенсберген. Србинот од 2018 година настапува во Бундес лигата, беше дел и од екипата на Вецлар.
  • Мешков Брест и средниот бек од Словенија, Марко Матијашевиќ, постигнаа нова соработка. Словенечкиот интернационалец на почетокот на оваа сезона од Франција пристигна во белорускиот шампион и веднаш ги задоволи критериумите на челниците на клубот па така средниот бек во Мешков Брест ќе остане уште најмалку една сезона.