ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Рубин се сели во Штутгарт, Брест ја бара Вјахирева, Берге останува во Колстад

  • Тренерот на норвешкиот првак Колстад, Кристијан Берге, и покрај финанските проблеми, реши да ја продолжи соработката и ќе остане во клубот најмалку до летото 2027 година.
  • Левиот бек на францускиот Екс Ан Прованс, Дмитро Горига, по една полусезона заминува и се сели во катарскиот Ал Араби. До минатата сезона тој беше член на украинскиот шампион Мотор Запорожје.
  • Левото крило на француската репрезентација Клое Валентини ја продолжи соработката со нејзиниот Мец на уште три сезони и ќе остане во шампионот најмалку до 2027 година.
  • Десниот бек на Кристијансанд, Ана Вјахирева, според пишувањата на француските медиуми е во преговори со Брест Бретањ. Овој клуб бара замена за Валерија Маслова која се сели во унгарскиот Ференцварош.
  • Романскиот тим Валчеа објави дека се продолжени договорите со средните бекови Миа Чоке и Ребека Нечула. Германката Чоке, која играше за Баер, Борусија и Сторхамар, потпиша до 2025 година, додека Нечула останува до 2026 година.
  • Швајцарскиот репрезентативец Лени Рубин, кој игра во одлична форма оваа сезона во дресот на Вецлар, на лето ќе го смени клубот. Тој се обврза на договор на две сезони и ќе остане до 2026 година.