ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Ривера продолжи со Нант, Спортинг има нов пивот, Вори го презема Сесвете

  • Нант објави дека е продолжена соработката со шпанскиот репрезентативец Валеро Ривера до 2025 година. Левото крило игра во Нант од 2010 година, а од 2016 до 2018 беше дел од Барселона, пред да се врати во Франција.
  • Португалскиот тим Спортинг Лисабон се раздели со данскиот пивот Бенјамин Јакобсен, кој поради приватни причини се враќа дома, а на негово место доаѓа Кристијан Мога од португалската Повоа.
  • Селекторот на женската репрезентација на Романија, Флорентин Пера, ќе има и клупски ангажман. Тој ја презема екипата на Глорија Бистрица, која не играше според посакувањата и имаше шест победи и три порази во романскиот шампионат.
  • Хрватската легенда Игор Вори е нов тренер на тимот на Сесвете, кој остана без досегашниот предводник Силвио Ивандија. Вори претходно работеше во германскиот Гросвалштат и во Загреб.