Српскиот репрезентативец Драган Пешмалбек ја продолжи соработката со Веспрем за уште две сезони и ќе остане во унгарскиот гигант до 2026 година. Кружниот напаѓач дојде во Веспрем во 2022 година.
Десниот бек Криштоф Штајнерт ќе продолжи да ги брани боите на бундеслигашот Ерланген. 33-годишниот Штајнерт дојде од Фленсбург во 2018 година и постигна 723 погодоци на 146 меча.
Средниот бек Валерија Кирдјашева ќе го замени рускиот Ростов Дон со трансфер на Балканот. Талентираната руска репрезентативка потпиша за црногорскиот првак Будуќност со важност до 2026 година.
Учесникот во Лигата на шампионите, Дебрецин, за следната сезона ја договори шведската репрезентативка Кристин Торлејфсдотир, која се обврза на двегодишна верност. Таа доаѓа од данскиот Хорсенс, а претходно играше за Рандерс.
Романската Валчеа објави дека е потпишан договор на две сезони со чешката репрезентативка Шарлот Холевова. Таа игра за францускиот Брест, но таму нема голема минутажа, па по одличното СП реши да ја смени средината.
Рапид Букурешт од летото 2024 ќе ја има на располагање Стефанија Стоика, која потпиша договор со големиот градски ривал на нејзиниот актуелен клуб, ЧСМ Букурешт.