ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Пачковски заминува од Келце, Масиел се враќа во Асобал лигата, Де Зогби верна на Крајова

  • Швајцарскиот репрезентативен голман Леонард Грациоли заминува од бундеслигашот Вецлар на лето и ќе се врати во татковината. Тој ќе ги брани боите на тимот на Фади Винтертур.
  • Десниот бек Павел Пачковски на лето по десет години ќе замине од полскиот шампион Келце. Тој во 2014 година дојде во Келце, но беше позајмуван на Брест Мешков, Мотор Запорожје, Веспрем…а повредите го спречија да го покаже сиот свој потенцијал.
  • Бразилската голманка со шпански пасош, Паула Де Зогби, ја продолжи соработката со романската Крајова до 2026 година. Де Зогби претходно беше дел од Будуќност, Глорија Бистрица, Флери Луар, Сагунто…
  • Романскиот Рапид Букурешт, кој ги договори крилата Милена Раичевиќ, Сара Ристовска и Полина Горшкова, го промовираше и десниот бек Алина Илие, која доаѓа од Дачиа Миовени.
  • Aргентинскиот голман Лео Масиел по две сезони во португалскиот Спортинг Лисабон, ќе се врати во Асобал лигата. Тој потпиша договор со шпанската Бидасоа Ирун до 2026 година.