Левото крило на Ѓер, Надин Шатцл Солоши, на крајот на летото заминува од унгарскиот шампион и ќе се пресели во Будаерс. Унгарската репрезентативка потпиша договор на две сезони.
Дeсниот бек од Хрватска, Еуген Јосип Заја, ќе го продолжи својот престој во Асобал лигата. Заја потпиша нов договор со Логроњо Ла Риоха на две сезони и ќе остане најмалку до 2026 година. Претходно играше за Сесвете, Анортозис и Синфин.
Пивотот на данскиот Алборг, Јеспер Нилсен, на лето заминува од клубот. Поранешниот шведски репрезетнативец според информациите на „RTHandball“ се враќа во татковината и ќе го облече дресот на Гуиф.
Алжирскиот десен бек Абди Ајуб е нов член на францускиот Нант. Тој доаѓа во Нант по одличните настапи за Тулуз, а ќе биде замена за Александре Калваканти. Ајуб потпиша договор до 2027 година.