Романската Глорија Бистрица донесе две голманки во пакет од големиот ривал ЧСМ Букурешт – шведската репрезентативка Евелина Ериксон и романската репрезентативка Дачијана Хосу, а двете потпишаа до 2028 година.
Актуелниот тренер на францускиот шампион Мец, Емануел Мајонад, го продолжи договорот со клубот и за наредната сезона, па ќе остане до 2027 година и ќе комплетира 12 сезони.
Амбициозната Глорија Бистрица се засили со трио ракометарки – средниот бек од Ангола – Хелена Пауло, левото крило од Чешка – Вероника Мала, како и средниот бек од Австрија – Јохана Рајхерт.
Француската репрезентативка Сара Букти ќе го има своето прво интернационално искуство. Иако имаше активен договор со Мец, сепак ќе замине година порано, откако потпиша за европскиот шампион Ѓер.
Мец најде замена за Букти и ја донесе шпанската репрезентативка Линди Чапчет на пивотменската позиција, нов договор потпиша Сузана Вајока, а од Ѓер се враќа данската интернационалка Кристина Јоргенсен и ќе остане до 2028 година.