ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Лазовиќ останува во Мешков, Татран пазареше во Шпанија, Плетикосиќ има нов клуб

  • Црногорскиот репрезентативец и екс ракометар на Вардар, Вук Лазовиќ, одлучи да остане во белорускиот шампион Мешков Брест. Кружниот напаѓач на почетокот на месец септември од Партизан се пресели во Белорусија и одлично се снајде во новата средина. Лазовиќ за Мешков Брест досега има одиграно 19 натпревари, најмногу придонес даде во одбраната, па така очекувано беше да остане во белорускиот клуб.
  • Екипата на Татран Прешов во следната сезона ќе биде посилна со рускиот интернационалец Игор Карлов. Средниот бек, кој со Чеховски Медведи три сезони играше во Лигата на шампионите, моментално е член на Малага, клуб кој се натпреварува во второлигашката конкуренција во Шпанија. Русинот на интернационално ниво настапуваше и во шампионатот во Норвешка, поточно во тимот на Фулинген. Во Шпанија беше дел и од Бургос и се очекува да биде големо засилување во некогашниот учесник во ЛШ.
  • Една од најдобрите репрезентативки на Црна Гора, Матеа Плетикосиќ, во следната сезона ќе има нов предизвик. Средниот бек ќе ги засили редовите на најтрофејниот хрватски клуб Подравка. Плетикосиќ пред почетокот на тековната сезона од Будуќност направи трансфер во романскиот прволигаш Корона Брашов, но добрата понуда од Копривница беше причина да се врати во својата татковина. 25-годишната ракометарка која потекнува од Хрватска, во 2020 година одлучи да настапува за црногорската репрезентација.
  • Камил Шипжак кој важи за еден од најдобрите пикери на светот ја продолжи соработката со најбогатиот европски клуб ПСЖ. Искусниот ракометар во редовите на „светците“ настапува од сезона 2019/20, а пред да го направи трансферот во Париз четири сезони го носеше дресот на каталонскиот гигант Барса. Полскиот репрезентативец и раководството на ПСЖ се договорија на нова соработка, која ќе биде со важност до летото, 2027 година.