Левиот бек на австриската репрезентација Никола Билик го продолжи договорот со германскиот шампион за уште две сезони и ќе го носи дресот на „зебрите“ најмалку до 2026 година.
Еден од најдобрите светски дефанзивци Хенрик Молгард, ќе го продолжи договорот со дрим-тимот на Алборг. 38-годишниот Молгард, кој може да игра и во нападот настапува во Алборг од 2018 година по камбекот од ПСЖ.
Словенечкиот шампион Целје објави дека е потпишан професионален договор со десниот бек Маи Маргуч до 2028 година. 17-годишниот полубрат на Гал и Гашпер, веќе дебитираше за првиот тим на Целје по повредата на Млакар.
Некогашниот селектор на женската репрезентација на Унгарија, како и тренер на Шиофок и Ѓер, Габор Дани, ќе води машка екипа, а станува збор за тимот на Фехер Веспрем.
Француската репрезентативка Осеан Серсиен Уголен, заминува на лето од норвешкиот и европски првак Вајперс Кристијансанд и ќе го носи дресот на Дебрецин. Таа договори соработка со унгарскиот клуб до 2026 година.
Легендарниот дански плејмејкер Мортен Олсен, кој пред неколку дена се раздели со шампионот ГОГ Гудме, потпиша договор со тимот на Бјерингбро Силкеборг до 2025 година.