Десното крило на Барселона, Алекс Гомез, ја продолжи соработката со каталонскиот гигант за уште четири сезони и ќе остане во „Блауграна“ најмалку до 2029 година. Тој игра од 2009 година во младинската екипа на Барса, и ако го одработи новиот договор до крај ќе комплетира 20 сезони во матичниот клуб.
Бундеслигашот Магдебург ја продолжи соработката со данскиот кружен напаѓач Магнус Саугструп до 2029 година. Иако се шпекулираше за негов трансфер во Висла Плоцк, сепак тој потпиша нов договор со поранешниот европски првак.
Магдебург го ангажираше и левиот бек Елвар Јонсон од бундеслигашот Мелсунген. Тој доаѓа во Магдебург следното лето и според договорот треба да остане во овој клуб најмалку до 2028 година.
Марко Кривокапиќ не е повеќе тренер на тимот на Црвена Ѕвезда. По низата слаби резултати во домашното првенство, српскиот стратег реши да си замине од кормилото, a на неговото место седнува Ненад Пуљезевиќ, досегашниот асистент на Кривокапиќ.