Голманот на Ескилстуна Гуиф, Марко Рогановиќ, на лето ќе се пресели во Силкеборг, иако имаше интерес од Кристијанштад. Синот на Зоран Рогановиќ потпиша договор со данскиот тим до 2028 година.
Раководоството на Фленсбург по поразот од Рајн Некар го отпушти тренерот Николај Крикау, иако под негово водство клубот освои трофеј во ЛЕ. До крајот на годината Фленсбург ќе го водат Љубомир Врањеш и Андерс Егерт.
Иако имаше интерес од бундеслигашот Фленсбург, средниот бек Ајмерик Мин, ќе остане да го одработи договорот со францускиот Нант, кој го обврзува да остане најмалку до 2026 година.
Хрватскиот шампион Загреб од следното лето ќе смета на десното крило Алекса Туфегџиќ. Српскиот репрезентативец доаѓа од унгарскиот тим Чурго, каде игра од минатата сезона, а претходно беше дел од словенечкиот Слован Љубљана.