ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Елдера и Вајлупов остануваат во Веспрем, но Мае си оди

  • Десниот бек на шведската репрезентација, Албин Лагергрен, потпиша нов договор со европскиот шампион Магдебург. Некогашниот играч на Рајн Некар Левен, Кристијанштад, Редбергслидс…ќе остане во бундеслигашот најмалку до 2028 година.
  • Германскиот Фуксе Берлин на официјалниот сајт објави дека се продолжение договорите со главниот тренер Јарон Сиферт и спортскиот директор Штефан Кречмар до 2026 година.
  • Унгарскиот првак Веспрем објави дека се продолжение соработките со средниот бек Јахја Елдера и десното крило Никита Вајлупов до 2026 година. Францускиот ас Кентан Мае заминува од екипата, иако имаше опција во договорот да остане и следната сезона.
  • Легендарниот данскиот ракометар Томас Могенсен, кој одлично се снаоѓа и на тренерската функција, ја продолжи соработката и ќе продолжи да го води тимот на Сондерјиске до 2027 година.
  • Амбициозниот Криенс Луцерн, кој атакува на титула во Швајцарија, на лето ќе се раздели со тренерот Петар Кукучка. Словакот дојде во Луцерн во 2022 година и му донесе трофеј во Купот на Швајцарија на Криенс.