Полскиот вицепрвак Висла Плоцк ги задржа средниот бек Дмитриј Житников, голманот Мирко Алиловиќ и десниот бек Томаш Пирох. Сите тројца ракометари нови едногодишни договори и остануваат до 2025 година.
Актуелниот тренер на Брест Бретањ, Пабло Морел, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата и ќе ја преземе романската Глорија Бузау. На негово место во Брест доаѓа некогашната француска репрезентативка Рафаел Тервел.
Некогашниот голман на Вардар, Милан Косановиќ, по една полусезона замина од Уб и ќе го брани голот на Динамо Панчево. Искусниот, 42-годишен Косановиќ бранеше во Норвешка, Израел, Данска, Шпанија, Франција, Грција…
Бундеслигашот Штутгарт по ангажманот на Мануел Шпат, донесе уште еден пивот. Станува збор за Мартин Сланинка. 34-годишниот Словак доаѓа од швајцарскиот Арау и потпиша договор до крајот на сезоната.
Тимот на Гепинген објави дека капитенот Тим Кнојле ќе ја заврши играчката кариера по крајот на сезоната. Тој игра во овој клуб од 2006 година и на 515 натпревари постигна 1072 погодоци.