Трансферот на Мигел Мартинс во Алборг што го најави 24Ракомет, доби своја официјализација. Португалскиот среден бек по заминувањето од ПИК Сегед потпиша договор на две сезони со данскиот првак.
Шпанскиот и европски шампион Барселона го договори првото засилување за наредната сезона. Станува збор за повратникот од Ла Риоха, Хуан Паломино – лев бек што има 22 години.
Десниот бек Хавиер Хумет, по долго време замина од романскиот првак Динамо Букурешт и во новата сезона ќе ги брани боите на Ал Рајан од Катар. Хумет има шпански и романски пасош, но во последно време не игра за Романија.
Десниот бек од Естонија, Денер Јанима, по три сезони минати во Јапонија во составот на Феникс Даидо Стил, ќе се пресели во шампионатот на Кувајт и ќе настапува за Ал Сулаибикат.
Египетскиот чувар на мрежата, Мохамед Ел Тајар, од лето ќе има нов бундеслигашки предизвик. По настапите за Лајпицг и Балинген, Ел Тајар кој потекнува од Ал Ахли ќе го брани голот на Хамбург.