ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Алборг ги врза Арнолдсен и Хоксер, Новак во Фленсбург, Вагнер потпиша за Ерланген

  • Данскиот првак Алборг ги врза со долги договори средниот бек Томас Арнолдсен и десниот бек Мадс Хоксер. Арнолдсен ќе остане најмалку до 2028, додека Хоксер ќе биде дел од Алборг најмалку до 2027 година.
  • Официјалниот сајт на Фленсбург објави за потпишаниот договор со десното крило на словенечката репрезентација, Домен Новак. Тој ќе се пресели од Велцар во Фленсбург следното лето и ќе ја продолжи бундеслигашката авантура.
  • Шведската репрезентативка Карин Стромберг по распадот на францускиот Нант ќе се пресели во норвешкиот шампион Вајперс Кристијансанд. Средниот бек Стромберг настапуваше претходно за Скуру во татковината и данскиот Виборг.
  • Бундеслигашот Ерланген објави дека е потпишан договор со австрискиот репрезентативец Тобијас Вагнер. Досегашниот кружен напаѓач на Брегенц одново ќе се проба во странство откако играше за Балинген и Тулуз.