ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Ал Сафа му го раскина скапиот договор на Гомеш, Сита во Плоцк до 2027

  • Тимот на Ал Сафа од Саудиска Арабија му го раскина договорот на португалскиот лев бек Андре Гомеш. Тој мина само една полусезона во овој клуб, а причините за прекинот на скапиот договор околу кој се дигна голема прашина, не се познати.
  • Полската репрезентативка Александра Росиак по две сезони заминува од словенечкиот Крим и ќе се врати во татковината. Левиот бек потпиша договор на две сезони со шампионот Лублин.
  • Грчкиот шампион АЕК Атина по прекинот на соработката со екс македонскиот селектор и тренер на Вардар, Драган Ѓукиќ, го објави името на новиот стратег. Тоа е Французинот Фредерик Бужан, кој работеше во Нант, Флери Луар, Ростов Дон, а ги водеше како селектор машката и женската селекција на Сенегал.
  • Унгарскиот репрезентативец Золтан Сита по две сезони во ПИК Сегед, ќе се врати во полската Висла Плоцк каде играше од 2019 до 2022 година. Сита се обврза на тригодишен договор и ќе остане во познатата средина најмалку до 2027 година.
  • Актуелниот стратег на Бидасоа Ирун, Јакобо Куетара, заминува на лето од овој клуб и ќе има нов предизвик во кариерата. Тој се сели во Торелавега, со која се обврза на договор на четири сезони.