ТРАНСФЕР МАРКЕТ: АЕК го врати Тике, Брајовиќ оди во Унгарија, Војводина ги задржа Ројевиќ и Трнавац

  • Грчкиот шампион АЕК Атина откако го донесе францускиот стратег Фредерик Бужан, го ангажираше и француското лево крило Максимилијан Тике. Тој беше дел од клубот минатата сезона, а сега одново се враќа во престолнината на нашиот јужен сосед.
  • Некогашниот десен бек на Металург, Војислав Брајовиќ, заминува од Металопластика Шабац и кариерата ќе ја продолжи во Унгарија. Тој потпиша договор со екипата на Чурго до 2026 година.
  • Белоруската репрезентативка Ирина Мокат на лето заминува од Лада Тољати и ќе се пресели во романскиот шампионат. Таа потпиша договор на две сезони со амбициозната Валчеа.
  • Францускиот Сен Рафаел објави дека е продолжен договорот со најдобриот стрелец во историјата на францускиот шампионат Рафаел Кашете. 38-годишното лево крило потпиша нов договор на една сезона, а во овој клуб настапува од 2007 година.
  • Српскиот првак Војводина откако го донесе левиот бек Петар Ѓорѓиќ и го задржа дефанзивецот Миљан Пушица, ја продолжи соработката со тренерот Борис Ројевиќ и со голманот Андреј Трнавац до 2026 година.