Унгарецот Алекс Богнар стана првиот играч кој во наредната сезона ќе ги засили редовите на Целје Пивоварна Лашко. Средниот бек доаѓа од унгарскиот Ференцварош, каде сезонава е еден од најдобрите стрелци.
Грчкиот шампион АЕК Атина донесе уште едно засилување за продолжението од сезоната. Станува за францускиот десен бек Насим Беласен, кој потекнува од Монпелје, а во меѓувреме играше за Маси и Фронтињан.
Чешкиот репрезентативец Степан Земан ја продолжи соработката со бундеслигашот Гумерсбах и ќе игра во тимот предводен од исландскиот стратег Гудјон Валур Сигурдсон најмалку до 2026 година.
Францускиот лев бек Калиаду Ниакате на крајот од сезоната заминува од црногорскиот првак Будуќност и ќе се врати во татковината. Таа потпиша за тимот на Нант и ќе биде замена за Тамара Хорачек.
Белорускиот првак Мешков Брест го задржа најдобриот стрелец во историјата на клубот, Максим Баранов. Десното крило скоро целата кариера игра за Мешков, со исклучок на две сезони во романскиот Одорхеи.