Трансфер бомбата активирана – Кнор потпиша за Алборг!

Најавениот трансфер на германскиот репрезентативец Јури Кнор денеска ја доби својата официјализација.

Данскиот Алборг објави дека е потпишан договор со Кнор, кој ќе остане во овој клуб најмалку до 2028 година.

Договорот стапува на сила следното лето, кога Кнор ќе го заврши својот престој во Рајн Некар Левен, каде што дојде од Минден.

Првиот клуб на Кнор е Бад Швартау, играше и за Оетсе, а потоа две сезони беше дел од каталонскиот гигант Барселона, иако ретко добиваше шанса во првиот тим.

Алборг претходно ги врза средниот бек Арнолдсен до 2028 и десниот бек Хоксер до 2027 година, тука се Нилсон и Влах, па данскиот клуб ќе има одлична бековска линија.