ТРАНСФЕР БОМБА: Во Вардар доаѓа среден бек од Словенија!

Средниот бек Јака Малус во новата сезона ќе ги брани боите на двократниот европски првак Вардар. Според словенечкиот портал „Handballia“, Малус е најновото засилување за „црвено-црните“ кои се во трка по титулата и место во Лигата на шампионите.

Станува збор за повремен словенечки репрезентативец кој ја мина школата на Целје, а таму играше до 2019 година. Потоа стана интернационалец, две сезони во Мешков Брест, кратко играше и во шпанскиот Синфин, а добри партии имаше и во бундеслигашот Гепинген.

Минатото лето се врати во новиот амбициозен словенечки проект Слован Љубљана, кој го води Урош Зорман и кој се бори за титула, но очигледно дека името Вардар се уште е привлечно за квалитетни ракометари.

Досега Вардар ги потврди ангажманите на левото крило Мамаду Кеита, десниот бек Марек Марцинијак, голманот Милош Валах, како и кружниот напаѓач Виктор Јанковски. Заминуваат Хансер Родригез, Марко Срдановиќ, Томислав Јагуриновски, Ларс Коиј и Михаил Аларов.

Активни договори за наредната сезона со Вардар има левото крило Марио Стојановски, левиот бек Томче Стојановски, кружниот напаѓач Милан Лазаревски, средниот бек Марио Танкоски, десните крила Гоце Георгиевски, Ален Ќосевски и Мигел Пинто, голманите Васил Гогов, Мигел Еспиња и Марко Богдановски, десниот бек Кристијан Стаменковиќ…

На крајот на оваа сезона им истекуваат договорите на Ашраф Маргели, Младен Крсманчиќ, Нилтон Мело, Вуко Борозан, Матија Николиќ, Стефан Петриќ…