ТРАНСФЕР БОМБА: Ана Грос се враќа во Крим!

Една од најдобрите ракометарки на позицијата десен бек во светот, Ана Грос, следното лето ќе се врати во татковината во дресот на Крим.

Словенечката репрезентативка ја одработува втората сезона од двегодишниот договор со унгарскиот Ѓер, и беше понуден нов, но таа не го прифатила.

Грос ќе биде големо засилување за словенечкиот шампион и сигурно важна алка во тимот на Драган Аџиќ на позицијата каде сега играат Алја Варагиќ и Барбара Лазовиќ.

Словенката потпиша договор на две сезони, односно до 2026 година со Крим, а Ѓер ќе мора да бара друго решение на десната бековска позиција од следното лето.