Трагедија во Србија – тренер почина среде натпревар!

На полувреме од натпреварот од Купот на Србија меѓу екипите на Власотинце и Рудар Kостолац почина тренерот Спиридон Бошковиќ.

Како што соопштуваат српските медиуми, лекарската екипа се обидела да пружи помош, но по 30 минути и официјално била објавена смртта на големиот ракометен работник од Власотинце.

Бошковиќ, кој почина на 79 години, по активната играчка кариера се одлучи за тренерска работа која ја работеше повеќе од 60 години.

Најголемиот дел од тренерската кариер го посвети на работењето со младите играчи во својот роден крај.

Под негово водство израснаа многу генерации, а во подрага по нови ѕвезди на српската ракометна сцена ги посетуваше спортските настани во училиштата.