По комплетирањето на 24 коло во младинската машка лига, познати се најдобрите стрелци за натпреварувачката сезона 2023/24.
Лидер на стрелците кај младинците е членот на Бутел Скопје, Петар Цветковски. Средниот бек постигна 200 погодоци, а најдобар меч му беше против Еурофарм Пелистер 2, кога во триумфот со 31:29 учествуваше со дури 20 погодоци.
На второто место се најде членот на Еурофарм Пелистер, Благој Христов, кој успеа да постигне 193 погодоци, додека двајца ракометари на Тиквеш од Кавадарци се на третата и четвртата позиција.
Младинскиот репрезентативец Славчо Шулески има постигнато 191 погодок, додека кадетскиот репрезентативец на Македонија, Мики Лазаров стрелаше 183 пати на натпреварите од младинската лига, иако тие двајца не ги одиграа сите мечеви.
ТОП 5 листата на стрелци ја комплетира Кристијан Стаменковиќ од тимот од Голден Арт, кој успеа да реализира 178 пати.