Екипата на Потсдам во која настапува Мартин Томовски, во натпревар од 16. коло од Бундес лигата беше поразена од Лајпциг со 35:26.
Амбициозниот тим на Лајпциг до победата дојде со одличната игра во двете полувремина, а Томовски на натпреварот се покажа во солидно светло.
Македонецот во дадената минутажа успеа да забележи девет интервенции, додека неговиот колега Марк Ферјан остана на само две.
Следен предизвик за Томовски и Потсдам ќе биде гостувањето кај тимот на Штутгарт.