Томовски и Битигхајм на чекор до Бундес лигата!

Тимот на Битигхајм каде што брани македонскиот репрезентативец Мартин Томовски е на чекор до камбек во елитната конкуренција.

Битихајм славеше на гостински терен кај составот на Гросшвалтат со убедливи 38-29, иако на паузата водеше со 17-16.

Македонскиот чувар на мрежата запиша осум интервенции за времето кое го мина на теренот, а минутажата ја подели со Чехот Хрдличка.

Битигхајм со новите бодови сега има 49 на првото место, дека втор е Балинген со 48, а далеку зад нив е Елбфлоренц со 44 бода на пет кола до крајот.