Тимот на Миркуловски поднесе тужба – државата ги бара назад парите од „корона помошта“!

Пандемијата со коронавирусот донесе многубројни ограничувања и забрани. Меѓу другите, беше и тоа дека натпреварите во спортските сали се играа без гледачи, а тоа во голема мера влијаеше на работата на клубовите особено во Германија, каде главните приходи доаѓаат од влезниците.

Сојузната Влада на Германија тогаш покрена програма за помош на професионалните спортски екипи.

„Служи за ублажување на финансиските загуби и приходи од влезниците и другите загуби настанати поради коронавирусот“, се вели во програмата, но проблемот е што сега државата ги бара назад парите што им ги исплатила на клубовите.

Тимот на Вецлар, каде што асистент тренер е Филип Миркуловски, поднесе тужба преку Управниот Суд во Клен поради тоа што државата бара назад 300.000 евра од 2020 година, пишува „Билд“.

„Ние моравме да играме без гледачи и имавме трошоци кои не можевме да ги покриеме. Денес имаме спор со Сојузната Влада околу различната формулација на програмата за помош. Тогаш сфативме дека таа помош не треба да се враќа доколку клубот не остварува добивка“, вели Бјорн Сеип, директор на Вецлар.

Вецлар веќе исплати на државата околу 400.000 евра.

„Ние веќе вративме дел од „корона помошта“ на државата, но тоа е износ од услугата за замена на билетите во календарската 2021 година во која на крајот имавме позитивен финансиски резултат. Тоа е во ред, бидејќи се работи за данок“, вели Сеип.

Барање за поврат на средствата од државата добиле и тимовите на Хановер, Лајпциг, Ајзенах, Нордхорн…