Тиквеш со убедлива победа се загреа за дербито со Охрид

Ракометарите на Тиквеш ја забележаа 9-та победа на домашен терен, односно дојдоа до десетти триумф во новата сезона, откако во натпревар од 11. коло од Супер лигата беа убедливи против Куманово со 37:21.

Избраниците на Никола Матлиески рутински ја одработија задачата и впишаа бодови со кои ја продолжуваат трката за првото место во групата А со тимот од Автокоманда.

За Тиквеш денешниот дуел со Куманово беше загревање за двата дерби дуели во следните две кола. Тиквеш следниот викенд ќе гостува во Охрид кај истоимената екипа, додека во рамки од 13. коло на свој терен ќе го пречека вицепрвакот.

Кавадарчани решија се уште во првиот дел, во кој целосно доминираа против составот на Куманово. Домаќинот имаше фуриозен старт, поведе со 5:0, лесно доаѓаше во позиција за гол  и рутински го одработи натпреварот.

Како одминуваше времето, растеше предноста на домаќините, тимот на Куманово немаше многу сили да се надигрува и големиот број на технички грешки беа причина да биде во голема негатива уште во првиот дел.

Тимот на Матлиески на полувреме замина со 20:11 и во вториот дел не се ни опушти поради убедливата предност, напротив, заигра уште поцврство во одбраната, ја подобри реализацијата и дојде до убедлив триумф.

Најефикасен во победничката екипа беше Аби Обина со осум погодиц, во поразениот табор со по четири реализации се истакнаа Дарио Симоноски и Уча Гамзардија.

Тиквеш сега на табелата има 30 бода, заостанува на три бода позади вицепрвакот, додека во однос на Охрид, кој има и натпревар помалку, има девет бода повеќе.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1190227
4ОХРИД1180324
5БУТЕЛ1160518
6ТИКВЕШ 20141151516
7ПРОЛЕТ1142514
8ПРИЛЕП1141613