Тиквеш од Кавадарци ќе бара нов голман за наредната сезона, откако на крајот на оваа се разделија со Јанко Гемаљевиќ.
Српскиот чувар на мрежата и македонскиот клуб не ја продолжија соработката и секој си продолжува по својот пат.
Гемаљевиќ се враќа во родниот град Крагујевац и ќе ги браните на тимот на Раднички најмалку до 2026 година.
Тој во Кавадарци мина една сезона, а претходно освен за матичниот клуб, настапуваше и за Нови Пазар, Слога Пожега, Железничар Ниш и Црвена Ѕвезда.