Тиквеш го доби првиот тест меч со Прилеп

Екипите на Тиквеш и Прилеп вечерва во спортската сала „Јасмин“ го одиграа првиот од двата планирани пријателски натпревари.

Избраниците на Раде Стојановиќ ја добија првата „контролка“, триумфираа со пет гола разлика, 30:25.

Кавадарчани и на полувреме водеа со „плус пет“, 18:13, па така во вторите 30 минути немаа поголеми проблеми да ја одржат стекнатата предност.

Прилеп и Тиквеш в петок (2 февруари) ќе го одиграат вториот пријателски меч, кој ќе биде последен тест за двете екипи пред почетокот на вториот дел од сезоната.

Тиквеш во вториот дел од сезоната ќе разигрува за титулата, додека Прилеп ќе се бори да го сочува суперлигашкиот статус за следната сезона.