Терзиќ: Македонците го разбираат ракометот, беше направена голема неправда

Репрезентацијата на Македонија загуби од Холандија со 37:32 во второто коло од групната фаза на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Црна дамка на овој натпревар фрли данската арбитража, а по натпреварот се огласи и екс ракометарот на Вардар, Стефан Терзиќ.

,,Секој еден што следи ракомет знае дека синоќа беше направена голема неправда врз Македонската репрезентација”, напиша Терзиќ.

Искусниот ракометар под неговата објава додаде – На кого му смета силна Македонија?

Избраниците на Лазаров утре против Гвинеја ќе го заверуваат пласманот во главната фаза на Светското првенство.