Тепачка во соблекувалната на Загреб – суспензија за двајца ракометари!

Управниот Одбор на ракометниот клуб Загреб донесе одлука за привремена суспензија за двајца ракометари – Милош Кос и Звонимир Срна.

Тие двајца се степале во соблекувалната по натпреварот меѓу францускиот Нант и хрватскиот шампион во „Арена Загреб“.

Загреб го загуби тој натпревар со 25-22, а веројатно вината за поразот Кос и Срна ја побарале меѓусебе.

Суспензијата останува на сила додека трае постапката против Кос и Срна, а од Загреб немаше повеќе детали за физичката пресметка.