ТЕЛЕВИСА ПРЕСЕНТА: ПИК Сегед му одговори на Готфридсон – постапивме според законот!

Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед одговори на обвинувањата на Јим Готфридсон поврзани со раскинувањето на договорот.

Откако шведскиот репрезентативец јавно изјави дека договорот бил еднострано раскинат без почитување на спортската етика, од унгарскиот клуб експресно реагираа со кратко соопштение.

„При раскинувањето на договорот со Јим Готфридсон, клубот постапи во рамките на важечката законска регулатива. Не сакаме дополнително да го коментираме случајот, бидејќи сме фокусирани на професионалната работа и подготовките за претстојните важни натпревари“, се наведува во ставот на клубот.

Претходно, Готфридсон остро ја критикуваше одлуката на ПИК Сегед, истакнувајќи дека не очекувал клуб од таков ранг да ги игнорира, како што рече, основните принципи на спортската етика.

Случајот предизвика големо внимание во ракометната јавност, а останува да се види дали ќе добие и правна разврска.

Иако имаше договор на три сезони, сепак Швеѓанецот не ја комплетира ниту првата сезона во унгарскиот вицепрвак.

Готфридсон со своја верзија: Не можев да замислам дека клуб со таков углед ќе ми го направи ова!

Се огласи ПИК Сегед – отказ за Готфридсон, Швеѓанецот сака назад во Фленсбург?