Тасевска, Арсениевска и Дабевска победнички во Романија

Тимовите на Униреа Слобозиа и Галаци, каде што игра македонското трио – Марија Тасевска, Ивана Арсениевска и Сања Дабевска, запишаа нови победи во Романија.

Униреа Слобозиа славеше убедлив триумф на гостински терен кај составот на Нептун Констанца со 33-23.

Тасевска беше меѓу најдобрите стрелци и постигна четири голови од шест обиди, додека Арсениевска имаше две реализации од три обиди.

Галаци на Дабевска победи кај Униреа Доброешти со 44-33, а македонскиот кружен напаѓач даде два гола од три обиди.

Викендов се игра последното коло од регуларниот дел во Втората лига, па потоа ќе бидат познати сите патници во плеј-офот меѓу кои со сигурност ќе бидат Униреа Слобозиа и Галаци.