Митревски и Тодоровски ќе делат правда на дебито на Душебаев во Франција!

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за бараж натпреварите од европската зона за пласман на СП 2027.

Македонските арбитри Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе му судат на повеќекратниот европски, светски и олимписки првак Франција.

Селекцијата на Талант Душебаев ќе се соочи со Чешка во бараж двомечот, а Митревски и Тодоровски ќе делат правда на првиот дуел во Брно.

Овој натпревар е закажан за 13 мај од 20:00 часот во „Вининг Арена“ во Брно, додека реваншот ќе се игра на 17 мај од 17:00 часот во Орлеан.

Двобојот во Брно ќе биде прв официјален меч на клупата на Франција за новиот селектор Талант Душебаев, кој неодамна се раздели со Келце.

Покрај Митревски и Тодоровски, од Македонија ќе биде активен и Ацо Николовски, кој ќе биде делегат на средбата меѓу Црна Гора и Словенија во Подгорица на 14 мај од 18:00 часот.