Македонија се пласираше во ТОП 16 на кадетското ЕП!

Mашката кадетска репрезентација на Македонија се пласираше во ТОП 16 на Европското првенство во Србија и ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место.

Ова значи дека нашите кадети го обезбедија опстанокот во елитната дивизија, а се пласираа и на младинското ЕП 2028, а се на милиметри до пласман на СП 2027 за кадети.

Македонија заврши на второто место во групата 1 од разигрувањата, и ќе биде најдобра втора од трите групи, а тоа значи пласман од 9 до 16 место заедно со Израел, Австрија и Шведска.

Македонија беше во трка со Швајцарија, која има гол-разлика од +6, за разлика од нашата +8, како и Норвешка, која има -10.

Противниците ќе ни бидат вечерва по комплетирањето на сите натпревари од главната рунда.