Марко Мишевски ќе игра во хрватскиот шампионат

Левиот бек Марко Мишевски ќе има нов предизвик во странство.

Откако замина од израелскиот Макаби Ришон Ле Зион, Мишевски ќе го засили хрватскиот состав Сисак.

Мишевски своевремено беше член на француските Гренобл и Курнон Доверњ, а сега одново се враќа на интернационална сцена.

По настапите за Вардар Јуниор, играше и за Вардар, а една полусезона настапуваше и за тимот на Пролет.

Сисак во новата сезона ќе биде дел од групата Б во хрватскиот шампионат, ги избегна Загреб и Нексе Нашице, а ќе игра против Сесвете, Карловац, Горица, Трогир, Осијек, Чаковец и Метковиќ во регуларниот дел од сезоната.