Машката кадетска репрезентација на Македонија ја заврши својата работа во битката за ТОП 16 на Европското првенство, и ја совлада селекцијата на Турција со 29-27 во мечот од групата 1 во разигрувањето за пласман.
Иако требаше да набилдаме гол-разлика против најслабата селекција во групата, сепак имавме проблеми особено во првиот дел, кога ривалот диктираше резултат и имаше контрола, а дури и водеше на паузата со 15-13.
Николовски бранеше одлично на стартот на второто полувреме, се надоврза и Трсунов со одбранет пенал, па Македонија отвори со 8-2 серија до 40 минута и се одлепи на плус четири, 22-18.
Нашите момци има плус шест, 26-20 на влезот на последните десетина минути, но Турците не се предаваа и успеаja да ја стопат негативата. На крајот само плус два, 29-27, но победа која не остана во игра за ТОП 16, но ќе чекаме услуги од други.
Голманот Ѓорѓи Николовски имаше 14 одбрани, Бобан Поповски беше стрелец на девет гола, седум имаше Горазд Дамчевски, а пет пати стрелаше Јован Симоновски.























