Машката кадетска репрезентација на Македонија обезбеди место во ТОП 16 на ЕП и ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место на Европското првенство во Србија.
Ова значи дека генерацијата предводена од Горан Кузманоски се пласираше на младинското ЕП 2028, а со оглед на тоа што Македонија е домаќин на ЕП 2028 за кадети и генерација на Никола Матлиески ќе игра на континенталниот собир директно.
Сумирано, и кадетите и младинците ќе играат на ЕП 2028.
ТОП 15 од ова Европско првенство ќе обезбеди пласман на Мундијалот за кадети наредната година, а доколку домаќинот на СП е меѓу ТОП 16, тогаш и 16 место ќе носи пласман на СП.
Сумирано, ако Македонија запише барем еден триумф на следните три меча, тогаш ќе се пласира и на СП за кадети во 2027 година.
Следните ривали на нашите ракометари ќе бидат познати вечерва по комплетирањето на последните средби од главната рунда на ЕП во Србија.
























