Старо-новиот суперлигаш кај дамите, Ѓорче Петров 2, ги започна подготовките за престојната сезона во која влегува со големи амбиции.
Доказ за тоа се потписите на искусните Савица Мркиќ Стојанов, Марија Анчева, Ангела Цветановска, како и многубројните кадетски и младински репрезентативки на Македонија.
Под водство на Милева Велкова, ракометарките на Ѓорче Петров 2 ќе се подготвуваат за напорите што ги носи новата сезона.
Покрај искусното трио ракометарки, Велкова ќе ги има на располагање левите бекови Антонела Ѓероска, Миа Маринчов, Марија Димоска и Бојана Георгиевска, средните бекови Меланија Јовановска, Jана Петровска, Михаела Димитриевска и Ева Ѓорѓиевска, пивотите Мирјана Наумоска и Симона Блажеска, десниот бек Тара Аврамоска, десните крила Бојана Паловска и Сара Ристовска, левото крило Теодора Спасоевска, како и голманките Дарија Наумоска, Софи Гошевска и Сара Илиоска.
Ѓорче Петров 2 го освои второто место во Првата лига и се врати во суперлигашката конкуренција по триумфот над Пелистер во бараж пресметката.
























