Левиот бек Филип Талески и неговиот тим Бенфика по кратката пауза им се вратија на обврските пред стартот на новата сезона.
Македонскиот репрезентативец ќе ја одработува втората сезона од договорот со португалскиот тим.
Бенфика минатата сезона не успеа да освои ниту еден домашен трофеј, а немаше успешен настап и на меѓународна сцена.
Оваа сезона, тимот на Талески доби директно место во групите од Лигата на Европа и стана потенцијален ривал на Вардар.
Од клубот заминаа четворица ракометари – капитенот Пауло Морено, Диого Валерио, Лусијано Силва и Густаво Оливеира, а дојдоа пивотот Фабио Силва и средниот бек Егон Ханус.