Талески и Бенфика им се вратија на победите, убедливо совладана Гаиа

По ремито минатото коло кај Повоа Варзим, тимот на Бенфика каде што игра Филип Талески, славеше во португалскиот шампионат.

Во натпревар од четвртото коло, Бенфика на домашен терен оствари убедлива победа против Гаиа со девет гола разлика, 34-25.

Македонскиот репрезентативен лев бек беше стрелец на два гола на овој натпревар, на која беше остварена втората сезонска победа.

Следен предизвик за Талески и Бенфика ќе биде натпреварот против Аванка на домашен терен на 27 септември.