Некогаш работеше во Вардар и ЖРК Вардар, сега ќе го води Чаковец

Женскиот тим на Зрински Чаковец во новата сезона ќе биде предводен од Владимир Вујовиќ, некогашниот стратег на Вардар и тренер на голманите во ЖРК Вардар.

Тој доаѓа на местото на Ристо Арнаудовски, кој се враќа во Австрија и ќе биде повторно тренер во машки тим.

Вујовиќ е дел од генерацијата на Балиќ, Голужа, Калеб…а во Вардар беше на почетоците на проектот на Сергеј Самсоненко во сезоната 2013/14. Во женскиот тим ги тренираше голманките, а потоа кратко беше и во машкиот тим кога замина Зоран Кастратовиќ.

Беше тренер и на женскиот тим Кока, машкиот тим Вараждин, работеше со голманките во Подравка, а беше селектор на младинската селекција на Хрватска.