Светската ракометна федерација досега ниту еднаш не објавила ранг листа на сите репрезентации, но исландскиот програмер Ивар Јонсон направи неофицијална листа според пресметките што ги прави ФИФА, светската фудбалска федерација.
Ракометната ранг листа е создадена врз основа на методологијата ЕЛО и врз основа на светската фудбалска ранг листа на ФИФА.
Во изработката на ранг листата, по завршувањето на Европското и Африканското првенство, внесени се над 7.000 ракометни натпревари од 1994 година од сите големи натпреварувања, но и од пријателските натпревари на 112 нации кои моментално се во рангирањето.
На првото место е Данска, новиот европски шампион Франција заостанува само на десет бода зад лидерот, третопласирана е Шпанија, потоа следуваат Шведска, Египет, Германија, Хрватска, Словенија и репрезентацијата на Унгарија, која е на десеттото место.
Македонија, според ранг листата на Ивар Јонсон, се наоѓа на 26. позиција на светската ранг листа со 1440 бодови, а пред „црвено-жолтите“ се Јапонија, Бахреин, Аргентина, Полска, Австрија, Чешка…Според историјата на ранг листата, највисокиот пласман Македонија го има(ла) во јануари 2015 година на 12 позиција во светот.
Репрезентацијата на Србија, која исто како и Македонија, беше елиминирана во групната фаза на Европското првенство во Германија, котира добро, рангирана е на 13 позиција. Сите детали околу ранг листата и пресметката на бодовите може да ги погледнете ТУКА и ТУКА.