По големата трагедија што се случи минатата недела во Кочани и која однесе 59 човечки животи, беше прогласена седумдневна жалост и беа одложени сите спортски настани.
Поради тоа календарот во Супер лигата мораше да претрпи одредени промени, па плеј-офот и плеј-аутот, ќе се играат во забрзан ритам, бидејќи во меѓувреме треба да се играат и елиминациската фаза, групната фаза и Ф4 во Купот на Македонија.
Покрај тоа, има и ЕХФ недела од 5 до 11 мај, па суперлигашите практично ќе играат како во Бундес лига – среда, сабота, среда, сабота…
Одложеното 22 коло, последно од регуларниот дел, ќе се одигра од понеделник, 24 март, до среда 26 март.
Супер лига, распоред:
29/30.03.2025 КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЕЛИМИНАЦИИ
ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
Коло 1 – 02/03.04.2025 (среда/четврток)
Коло 2 – 05/06.04.2025
Коло 3 – 12/13.04.2025
Коло 4 – 16/17.04.2025 (среда/четврток)
Коло 5 – 23/24.04.2025 (среда/четврток)
26/27.04.2025 КУП НА МАКЕДОНИЈА – ГРУПНА ФАЗА
Коло 6 – 03/04.05.2025
05-11.05.2025 ЕХФ НЕДЕЛА
15-18.05.2025 КУП НА МАКЕДОНИЈА – Ф4
Коло 7 – 21/22.05.2025 (среда/четврток)
Коло 8 – 24/25.05.2025
Коло 9 – 28/29.05.2025 (среда/четврток)
Коло 10 – 31.05/01.06.2025
07/08.06.2025 БАРАЖ НАТПРЕВАР