Стружани најавија – еве кога ќе се игра традиционалниот турнир

Еден од најстарите ракометни турнири во Европа, Струшкиот турнир, претстојното лето ќе го има своето 52 издание.

Организаторите веќе го најавија терминот и натпреварите ова лето ќе се играат од 21 до 24 август на отвореното игралишите „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во Струга.

Актуелен освојувач на трофејот од Струга е екипата на Вардар, која во минатогодишното финале го победи составот на Кире Лазаров.

Детали околу учесниците на 52. издание на Струшкиот турнир, ќе бидат дополнително познати, но јасно е дека љубителите на ракометот ќе имаат шанса да уживаат во мајсториите на врвни ракометари.