Екипата на Струга, која ќе се обиде да го задржи суперлигашкиот статус, се засили пред стартот на плеј-аут фазата.
Во составот на Наум Танески пристигна Србинот Лазар Ристиќ, ракометар кој настапува на позицијата десен бек и има меѓународно искуство.
Ристиќ доаѓа во македонскиот суперлигаш од словачкиот шампионат, поточно од екипата на Захораци.
Во словачкиот тим беше меѓу најдобрите стрелци, а во својата татковина го носеше дресот на Вождовац и Рудар Костолац.
Екипата на Струга борбата за опстанок ќе ја започне од Скопје со дуел против екипата на Пролет, која е главен фаворит за првата позиција.